PEHCEVO-DENES

NOVOSTI

view:  full / summary

Odrzan prviot seminar od proektot za megugranicna sorabotka

Posted by pehcevo-denes on June 3, 2013 at 3:05 PM Comments comments (0)

Во склоп на проектот ,, Заеднички истражувања со цел апликативна примена во зачувување на природните ресурси и заштита на животната средина во пограничниот регион меѓу општините Пехчево и Симитли ’’, финансиран преку ИПА програмата за меѓугранична соработка помеѓу Република Македонија и Бугарија, беше одржан првиот семинар во Пехчево, организиран од страна на Локалната самоуправа.

Општина Пехчево и Симитли ќе ги превенираат природните катастрофи на територијата од двете општини во прекуграничниот регион, на територија од 800 км2 со користење на високотехнолошки информациски технологии, ГИС, ГПС и сателитски податоци, како и со зајакнување на капацитетите на засегнатите страни, ќе работат на зачувување на природните ресурси и заштита на животната средина.

На семинарот присуствуваше, градоначалникот на општина Пехчево, претставници од општина Симитли, експерти од Balkan Development Solutions, сите засегнати граѓани и надлежни институции.


Семинарот го отвори градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски, а го водеа експертите од Balkan Development Solutions.

,, Ми претставува особено задоволство што Пехчево е домаќин на првиот семинар во рамките на проектот. Проектот за користење на современи технологии во делот на зачувување на животната средина и успешно справување со природните непогоди е од голема важност за пограничниот регион, од кој дел се општините Пехчево и Симитли. Со реализација на овој проект ќе создадеме база која ќе овозможи полесно справување со природните непогоди, преку координиран и системски пристап со вклучување на сите засегнати страни од двете општини. Самата проектна идеја е иновативна и нашиот модел може да биде искористен во следниот период и од другите општини од пограничниот регион за еден интегрален регионален пристап во зачувување на природата и заштита од природни непогоди.

Општина Пехчево има долгогодишна традиционална соработка со општина Симитли од Р.Бугарија. Реализацијата на овој проект ќе ја зајакне оваа соработка и ќе создаде подлога за понатамошни партнерства во реализација и на инфраструктурни проекти ’’, истакна градоначалникот Игор Поповски.

На семинарот беше разгледана идејата за реализација на проектот, главните и специфичните цели, задачите и досегашните резултати, како и практична работа за користење на високотехнолошки информациски технологии, ГИС, ГПС и сателитски податоци.

Со овој семинар се опфатени повеќе активности, како што се користење на сефтверски пакети ( SAGA GIS GLOBAL и MAPPER ), користење на ArcGIS 10.1 Basic и работа со GPS приемник Garmin - ETRAH 30.

Вкупниот буџет на проектот е 99.250 евра, а финансиран преку ИПА програмата за меѓугранична соработка помеѓу Република Македонија и Бугарија и ќе се имплементира во следниот период.

Ucenicite od OOU " Vanco Kitanov " vo poseta na lokalnata samouprava

Posted by pehcevo-denes on May 31, 2013 at 2:30 AM Comments comments (0)

Учениците од V одделение од ООУ „Ванчо Китанов“ беа во посета на општина Пехчево.


Целта на средбата беше воведување на учениците во општествениот и социјалниот живот и градење на здрава единка за во иднина.

ООУ „Ванчо Китанов“ во својата наставна програма има и изучување на работата на Локалната самоуправа, a тоа беше повод околу дваесетмина ученици од V одделение предводени од наставничката Оливера Кратевска и директорката Валентина Станоевска да ја посетат општината.

Топло добредојде им посака градоначалникот Игор Поповски. За време на средбата градоначалникот им одговори на децата на сите интересни прашања за плановите на општината во однос на нејзиното урбанистичко уредување, изградба на детски игралишта за потребите на децата и проекти кои ги планира општината за спортување на најмладите. Тие исто така се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и Советот на општината.

Градоначалникот им упати порака на најмладите: да се развиваат во позитивни личности и секогаш да бидат ведри, насмеани и послушни дечиња и што повеќе да го минуваат слободното време во дружење и спортување.

Во знак на сеќавање на оваа несекојдневна средба, децата на градоначалникот му подарија „Спомен книга за Пехчево‘‘, изработена од учениците.


Odlicna sorabotka na Opstina Pehcevo so Mesnite zaednici!

Posted by pehcevo-denes on May 27, 2013 at 3:45 PM Comments comments (0)

Градоначалникот на општина Пехчево, ги посети месните заедници Црник и Панчарево. Целта на средбата беше жителите од овие месни заедници, да се запознаат со проектите кои општината во иднина планира да ги реализира во овие населби, со средства предвидени за 2013 - 2014 година, но и да ги слушне градоначалникот приоритетите и проблемите на жителите, се со цел подобрување на животниот стандард, развој на економијата и создавање на поволна бизнис клима, решавање на комунални и инфраструктурни проблеми, поквалитетно образование, социјална заштита и здравство.


Низ разговорите провејуваа повеќе теми - Легализирање дивоградби, осветлување, барања за решавање на комунални проблеми и инфраструктурно подобрување, прашања од областа на социјалата и побезбеден сообраќај се дел од барањата на жителите од двете месните заедници, а брзо решавање на овие проблеми се плановите на Локалната самоуправа, предводена од градоначалникот Игор Поповски.

,, Ги сослушавме сите барања од жителите и се разбира дека треба многу да се направи затоа што сеуште има места каде што има проблем со водоводната мрежа, некаде со канализација, со патна инфраструктура, улично осветлување итн., но затоа постои Локална самоуправа и се трудиме колку што може да ги решаваме ваквите проблеми. Тие се веќе упатени, свесни се и искусни дека сето тоа неможе да се направи во една сезона и точно знаат на кој начин, кој проект и како се финансира. Ние веќе имаме проекти за овие села, кои се аплицирани до Европска банка, до Светска банка, проекти поддржани од ресорните министерства, од буџетот на Општината, а за сето тоа динамиката ја прават оние кои се надлежни ’’, изјави градоначалникот Игор Поповски.

За 2013 та година дефинирани се сите предвидени проекти и констатирано е дека истите ќе бидат реализирани идната година, а најмногу од нив и пред истекот на оваа година.

Maturantite blesnaa vo Pehcevo!

Posted by pehcevo-denes on May 20, 2013 at 8:45 AM Comments comments (0)

Матурантите од Пехчево, ја прославија својата матурска вечер. Тие продефилираа по булеварот до градскиот плоштад, пленејќи со својата убавина, беа поздравени од огромниот број на граѓани кои излегоа на улиците да им оддадат почит. 


На плоштадот од страна на општината, беше организирана пригодна манифестација, на која матурантите ги поздрави, градоначалникот Игор Поповски и им посака успех како при полагањето на државната матура, така и при уписите на факултетите, ги мотивираше да го продолжат своето образование, да бидат достоинствени и храбри да се соочат со предизвиците кои секогаш стојат пред човекот.



Javna debata za vlijanieto vrz zivotnata sredina na rudnikot za bakar " Kadiica "

Posted by pehcevo-denes on May 20, 2013 at 8:40 AM Comments comments (0)

Дали рудникот за бакар  Кадиица ќе ја загадува животната средина? На оваа тема вчера во Пехчево се одржа првата јавна расправа на која присуствуваа познати експерти од областа на рударството и заштитата на животната средина, претставници од рудникот Бучим и фирмата Кадиица - метал, претставници од Министерството за животна средина, како и граѓани на Пехчево.

Дебатата ја отвори градоначалникот на Општина Пехчево, Игор Поповски, кој ја истакна целта на оваа прва дебата на која се разгледуваше стратегиската отцена на животната средина и ги претстави гостите.


Ова е прва дебата на која се разгледуваше стратегиската отцена на животната средина, од аспект на идеја и планирање за опфатот за кој е добиена концесијата, истакна Менка Спировска од консултанската куќа Денкон - ема од Скопје.

Граѓаните на Пехчево, но и познати експерти, на оваа прва фаза од расправата, го отворија прашањето како новата технологија подземно лужење на бакарот, ќе влијае на подземните води и на околината.

Николајчо Николов, директор на Бучим и Алексеј Страхуњин управител на фирмата Кадиица - метал, истакна дека нема да може рудникот да започне со работа без да добие А - интегрирана еколошка дозвола, дека ќе биде превземени сите мерки, за да нема загадување на подземните води и на животната средина, а за отварање на рудникот кај Пехчево, руската фирма Солвеј ќе инвестира 35 милиони евра, а планирани се над 130 директни вработувања.

,, Мене посебно ме радува што во расправата се вклучи и локалното население кое го кажа своето мислење како тие го гледаат развојот во иднина и што мислат за постапката за отварање на рудник во Пехчево. Нашата заложба е на ваквите трибини да ги сослушаме дискусиите од сите учесници, без да влијаеме со било какви сугестии, за да во наредниот период направиме дополнителни анализи пред да се донесе конечната одлука ’’, истакна градоначалникот Игор Поповски.

На дебата беа претставени и резултатите од досегашните истражувачки активности.

Следната јавна дебата за влијанието на технолошкиот процес врз животната средина ќе се одржи за еден месец.


Eko kampanja "Za da ne potoneme vo gubre so novi pravila pocnuvame od utre "

Posted by pehcevo-denes on May 20, 2013 at 8:35 AM Comments comments (0)

Во рамките на програмата ,, Еколошка едукација во македонскиот образовен систем ’’, ОЈУДГ ,, 7 Септември’’, во соработка Општина Пехчево, во дворот на градинката ги реализира еколошките едукативни содржини во рамките на кампањата,, За да не потонеме во ѓубре, со нови правила почнуваме од утре ’’


Direktna sredba na gradonacalnikot Popovski, so zitelite od mesnite zaednici

Posted by pehcevo-denes on May 15, 2013 at 5:45 PM Comments comments (0)

Градоначалникот на Општина Пехчево, вчера ги посети месните заедници Робово, Умлена и Чифлик.

Целта на средбата беше жителите од овие месни заедници, да се запознаат со проектите кои општината во иднина планира да ги реализира во овие населби, со средства предвидени за 2013 - 2014 година, но и да ги слушне градоначалникот приоритетите и проблемите на жителите, се со цел подобрување на животниот стандард, развој на економијата и создавање на поволна бизнис клима, решавање на комунални и инфраструктурни проблеми, поквалитетно образование, социјална заштита и здравство.


,, Нашата цел е остануваме на зацртаниот правец,да овозможиме услови за враќање на животот во нашите села. Да упатиме јасна порака, дека не сме ги заборавиле селата, дека убави нешта ќе се случуваат и овде ’’, најпрво истакна градоначалникот Игор Поповски.

Овде сме да ви ги кажеме проектите кои ги планираме да ги реализираме за оваа година, а вие да ни ги кажете вашите приоритети за да можеме да дејствуваме да ги ставиме во програмата за наредната година, додаде градоначалникот Поповски.

Асфалтирање и поставување на бехатон плочки на некои од селските улици, тампонирање на улиците, поставување на каналетки, замена на уличните светилки со нови штедливи сијалици, набавка на таложник и редовно исфрлање на контињерите поставени во селските населби и набавка на нови контињери се проектите предвидени од страна на општината за оваа година.

Реконструкција и санација на канализационата мрежа, изградба на фекална канализација, асфалтирање на позначајните селски улици, поставување на каналетки, чистење на реките, да се реши проблемот со Џубрето, недостаток на повеќе контијнери, се приоритетите и проблемите предложени од граѓаните. Тие изразија благодарност до градоначалникот што планираните активности на општината за овој период и нивните приоритети се поклопуваат и дека нивните проблеми конечно ќе бидат решени во краток период.


,, Мислам дека се многу значајни овие средби, затоа што на вакви средби практично го официјализираме сето она што во текот на годината го работиме. Со сите вас, ние во текот на годината имаме и директна средба и едноставно тие многу ни помагаат, за потребите, проблемите, пропустите па и за грешките и мислам дека тоа е една одлична практика, затоа што на тој начин директно ги осознаваме потребите на граѓаните од самото место. Сите ваши проблеми кои не се предвидени за оваа година, веќе запишани, а динамиката на реализација ќе зависи од пристигнување на средствата ‘‘, потенцираше градоначалникот Игор Поповски.

Ваквите средби даваат особен придонес во непосредната комуникација на граѓаните со локалната самоуправа, а на тој начин се создаваат и повеќе можности за спроведување на правите проекти. Оваа практика ќе продолжи и понатаму, затоа што директната соработка со граѓаните се покажа како најпродуктивен начин од прва рака да се осознаат сите потреби и проблеми.

Sredba na nevladinite organizacii so gradonacalnikot Popovski

Posted by pehcevo-denes on May 14, 2013 at 4:15 PM Comments comments (0)

Според однапред планираната агенда на настанот, градоначалникот на општина Пехчево, вчера во салата за состаноци, одржа средба со невладините организации од општината.

На состанокот беа присутни повеќе претставници од граѓанските организации кои работат во Пехчево, како и претставници од општина Пехчево.


На почетокот од страна на градоначалникот, Игор Поповски, беа образложени главните мотиви за одржување на овој состанок.

,, Средбата е дел од заложбите за градење партнерски однос меѓу граѓанските здруженија и општината, како и начин за остварување поблизок контакт со граѓаните. На овој начин добиваме можност поблиску да се запознаеме со проблемите со кои се соочувате, како и проблемите што наидуваат при реализациа на програмите и проектите, истакна градоначалникот Игор Поповски.

Членовите на НВО секторот се заблагодарија за досегашната одлична соработка со општината и ја искористија можноста да го информираат градоначалникот со досега реализираните проекти и активности, како и со програмите за работа во наредниот период. 

Соработката досега со невладиниот сектор и општината е на високо ниво, а се планира да продолжи и понатаму.

I najmalite vo akcija za pozelena Opstina Pehcevo

Posted by pehcevo-denes on May 14, 2013 at 3:40 PM Comments comments (0)

Почна кампањата „Садница плус“ дел од акцијата „Ден на дрвото“

И најмладите жители на Општина Пехчево, дечињата од градинката „7 Септември “ се грижат за здравата животна средина – доказ за тоа е продолжувањето на проектот  „Садница плус“ тие заедно со градоначалникот г-дин Игор Поповски и директорката Гордана Вазлиска  засадија желади.


Со засадување на желади во ровка земја тие дадоа свој придонес кон акцијата „Ден на дрвото- Засади ја својата иднина“.

Дечињата ќе бидат тие кои ќе го водат целиот процес од засадување на семки во чашки до подигнување на садниците и нивното одгледување. Наесен израснатите садници ќе бидат садени на различни локации.Проектот го спроведува организацијата Ден на дрвото - засади ја својата иднина", во соработка со Општина Пехчево.

Со реализација на оваа акција се подигнува свеста кај младите генерации за чување на природата и чистата животна средина. Активностите кои се дел од проектот за одбележување на Денот на дрвото ќе продолжат и во текот на целата година.


Партнери на проектот „Садница плус“ се Министерствата за животна средина и просторно планирање, образование и наука и труд и социјална политика, ЗЕЛС-Заедницата на единиците на локална самоуправа и Македонски шуми.


 

Gradonacalnikot Popovski so cestitki po povod Denot na policijata

Posted by pehcevo-denes on May 8, 2013 at 2:50 PM Comments comments (0)

По повод денешниот ден на полицијата, градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски, ја посети полициската станица во Берово и Пехчево и на полициските службеници им го честиташе денешниот ден.


,, Одлуката што сте ја донеле да им служите и да ги штитите граѓаните е одговорност, но и израз на голема храброст, која надополнета со љубовта кон татковината ве прави херои. Вие имате потполно право да се чувствувате достоинствено. Не само заради тоа што денеска е вашиот ден, туку заради пожртвуваноста и професионализмот со кој одговарате на сите предизвици, ставајќи се целосно во служба на граѓаните. Граѓаните,се свесни дека со вашата посветеност на чувањето на редот и законот, ја чувате слободата и демократијата и знаат да го ценат ризикот со кој се соочувате.

Ви го честитам денот на Македонската полиција на сите вработени во Министерството за внатрешни работи. Примете ја мојата почит. Бидете горди на тоа што сте и тоа што го работите ‘‘, стои во честитката од градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски.


Rss_feed

Видео на денот


Следете не на:

 

Преведи Сајт:

Точно е:

Времето денес

Курсна листа:

КУРСНА ЛИСТА
Држ.Ном.КуповенСреденПродажен
EUR161.331861.6461.9482
USD147.0444 47.280847.5172
CHF150.3215 
50.574350.8272

Хороскоп:


Резултати:

Tв & Радио:


Линкови:



Фан Клуб:

Посетеност: